Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

ВИДЕО | Видеото од Меланија Трамп стана вирално: Луѓето не можат да престанат да ги коментираат нејзините усни

Видеото од Меланија Трамп, снимено на крајот на јануари, за време на нејзината посета на Калифорнија заедно со сопругот Доналд, стана вирално на интернет.

На платформата „Икс“ многумина ги коментираа на усните на Меланија, поточно дека таа често „правела чудни движења со усните“.

Други пак додаваат дека тоа што го прави навистина не изгледа добро:

„Таа секогаш го прави ова, изгледа непријатно во јавноста“, „Нејзините усни сè уште закрепнуваат од тој речиси пропуштен бакнеж за време на инаугурацијата“, „Како да има тикови“, „Ова не е ништо ново, таа го прави тоа постојано“.

Сепак, еден корисник на социјалните мрежи се обиде да ја објасни ситуацијата.

„Дува воздух. Тоа го прават некои модели за време на фотосесиите, таа секогаш го правеше тоа ако ги гледате нејзините постари видеа“.

За потсетување, Меланија Трамп беше една од главните теми на светските медиуми по инаугурацијата на Доналд Трамп во јануари, каде го привлече вниманието со модните комбинации.

Меланија и Доналд неодамна ја прославија 20-годишнината од бракот. Тие се венчаа во 2005 година, по седумгодишна врска, а Меланија носеше луксузна венчаница од Диор вредна 100 илјади долари и дијамантски ѓердан.

Трамп ја запроси Меланија во април 2004 година, давајќи и дијамантски прстен од 12 карати вреден 2 милиони долари. Меланија веднаш се согласила, иако подоцна им признала на медиумите дека не очекувала предлог за брак, пренесува „Индекс.хр“.

За потсетување, Меланија се пресели во Њујорк во 1996 година. Таа доби можност да работи со престижни модни списанија, меѓу кои и Vogue и Vanity Fair. Но, клучниот момент се случи во 1998 година, кога таа го запозна Доналд Трамп, тогаш етаблиран деловен магнат и медиумска личност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот