ВИДЕО | Весна Петрушевска: Игор Џамбазов ме предупреди дека сме стари за во театар и не можеме веќе да трчаме

Фото: Промо

Весна Петрушевска, Игор Џамабазов и Тони Михајловски освен што се колеги се и блиски пријатели половина век.

„Ние сме 50 години заедно“, рече актерката во емисијата „Еден на Еден“ со Жаре, чиј втор дел се емитуваше во неделата на Канал 5 ТВ.

-Само мене ме пуштија од девојките. Само јас им поминав приемен. Имавме еден состанок со Игор за нашата еколошка емисија ‘Агенда 21’ и тој ми вели: ‘Да не се лажеме, стари сме веќе за во театар. Не можеме да играме, кичма нѐ боли, не можеме да трчаме. Ме предупредува, зашто јас запишав мастер режија, да не случајно ми текне да го земам во претстава“, рече Весна и додаде дека со магистерските студии по режија треба да заврши во април или мај месец. Оваа приказна Весна ја раскажува во 24-тата минута.

Целата емисија е достапна на јутјуб каналот на „Еден на Еден“ на следниот линк:

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот