ВИДЕО: Ужасни сцени од Филипините, за време на католичка миса експлодира бомба, загинаа четири лица

Фото: Твитер

Утринава во експлозија на католичка миса на југот на Филипините четири лица ги загубија животите, а над 40 се повредени. Надлежните соопштија дека ситуацијата моментално е под контрола.

Инцидентот се случил во гимназијата на државниот универзитет Минданао во Марави, најголемиот муслимански град во земјата кој пред неколку години беше под контрола на група поврзана со Исламската држава.

На подот од објектот каде се одржувала мисата се уште стојат локви од крв од загинатите и повредените лица.


Во 2017 година, во Марави се водеше петмесечна битка меѓу владините сили и милитантите поврзани со Исламската држава.

Милитантите обединети во групата Даулах Исламијах-Мауте би можеле да стојат зад бомбашкиот напад, изјави бригадниот генерал Алан Ноблеза, полициски командант во регионот.

Генералот Ноблеза рече дека 11 милитанти биле убиени од филипинската војска минатиот петок во соседниот град Дату Хофер Ампатуан, што укажува на тоа дека денешната експлозија би можела да биде форма на одмазда.

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор ја осуди експлозијата како „бесмислен и најгнасен“ чин, „извршен од странски терористи“. Тој ја повика јавноста на смиреност.

„Бидете уверени дека извршителите на овој безмилосен чин ќе ги изведеме пред лицето на правдата“, нагласи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот