Фото: Принтскрин/ Фејсбук

ВИДЕО | Ужасната глетка од плажа во Сутоморе ги разгневни луѓето

На Инстаграм профилот на „Временска машина Подгорица“, објавено е видео од Сутоморе на кое може да се забележат огромни количини ѓубре, пластични шишиња и друг отпад како се излева на плажата Тунел, пишуваат српските медиуми.

Истовремено, плажата е преполна со капачи, а многумина го изразиле сиот гнев преку коментарите на споделеното видео, кои вусшност ги обвинуваат посетителите на плажата за ваквата состојба.

„Дали е можно ова да го направиле од оваа плажа?!? Кои се овие луѓе???? Не ми се верува! Порано доаѓав овде, вакво нешто не се случило, ова не се мештаните“, беше еден од коментарите.

И додека видеото предизвика дискусиија за тоа дали посетителите или надлежните служби се виновни за таложењето смет, објаснувањето за оваа непријатна глетка е дека, не се работи за уредена плажа, а комуналниот пристап е тежок, бидејќи до неа води тесен тунел.

Затоа постојано се апелира до посетителите да не оставаат ѓубре зад себе, но – се чини дека е неуспешно.

„Тунел плажата може да биде чиста само ако посетителите го носат својот отпад со себе. Во спротивно е целосно недостапно за комуналии. Факт е дека на Сутоморе му недостигаат корпи за отпадоци и не може сѐ да им се припише на гостите“, напишале во коментарите.

Во продолежние погледнете го видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот