Фото: Принтскрин, Твитер

ВИДЕО | Ужаси и страдања во Судан: За нецели 4 дена во насилствата загинаа 270 луѓе, илјадници повредени

Во насилствата што од саботата избувнаа во Судан веќе се загинати 270 лица, а 2.600 се повредени, наведува Светската здравствена организација (СЗО), јави ДПА.

„Ги осудувам сите загуби на животи и ние солидарно стоиме со нашите браќа и сестри во #Судан“, изјави денеска на Твитер генералниот директор на СЗО“, Тедрос Аданом Гебрејесус.

На социјалните мрежи се објавуваат снимки од крвавите борби меѓу армијата и паравоените сили на генералот Мохамед Дагл.

Помошта што СЗО ја дистрибуираше до здравствените установи пред борбите сега е потрошена. Бидејќи борбите сè уште траат, беше невозможно да се организираат дополнителни резерви. Болниците во главниот град Картум немаат доволно материјал за лекување на повредените, наведе Тедрос.

„Има вознемирувачки извештаи за ограбување на некои здравствени установи, а други користени за воени цели“, рече тој , пренесе германската агенција.

Лидерот на СЗО повика на неограничен пристап до здравствените установи и ги повика одговорните да „работат за мирот“.

Двајцата најмоќни генерали во земјата и нивните ривалски единици од саботата се борат за превласт во земјата. Двајцата генерали ја водеа оваа североисточна африканска земја со околу 46 милиони жители од заедничкиот воен удар во 2021 година, потсети ДПА

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска изјави дека во Судан беше пукано врз американски дипломатски конвој, но инцидентот поминал без жртви.

Закана од нова граѓанска војна за третата најголема африканска земја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот