ВИДЕО: Утре започнува кампања за промоција на згрижувачки семејства

Утре започнува кампања за промоција на згрижувачите во организација на СОС Детско село. Почетокот на кампањата ќе започне со манифестација на плоштад „Македонија“ по што ќе следува промоција и во останатите градови.

– Кампањата има за цел да ја подигне свеста за згрижувањето и да понуди потребни информации за потенцијалните згрижувачи. И покрај многубројните реформи и унапредувања кои се случија изминативе години на полето на социјалната заштита, се уште голема е потребата за нови згрижувачки семејства поради зголемувањето  на бројот на деца кои од различни прилини не можат да останат во биолошките семејства. Исто така дел од згрижувачите веќе поради старост  се откажуваат од обрската поради што потребни ни се нови згрижувачки семејства, рече Јагода Насковска.

Во текот на кампањата своите искуства ќе ги споделат згрижувачите и лица кои се излезени од згрижувачките семејства.

– Самиот караван е поделен на два дела. До седми јули ќе бидат опфатени девет градови, Скопје, Валандово, Гевгелија, Велес, Штип, Битола, Кавадарци, Струмица и Неготино. Останатите 16 градови ќе ги посетиме во авгусут, рече Атина Тасевска.

Во кампањата, покрај СОС Детско цело, вклучени се и Центрите за поддршка на згрижувачките семејства, Заводот за социјални дејности, Министерството за труд и социјална политика и општините.

Во моментов регистрирани се 353 згрижувачки семејства во кои се згрижени 527 корисници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот