Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ВИДЕО: Уште еден циркус на Светското клупско првенство и победа на Челси по продолженија
Фудбалерите на Челси обезбедија пласман во четвртфиналето на Светското клупско првенство откако ноќеска ја совладаа Бенфика со 4-1. Натпреварот траеше речиси пет часа, а беше прекинат цели два часа поради најавено невреме кое не беше започнато во времето на прекинот.
Препорачано
Средбата започна во 22 часот по средноевропско време, а заврши дури во 2:50 по полноќ. Судијата одлучи да го прекине мечот во самиот финиш се играше 86. минута и Челси водеше со 1-0 благодарение на погодокот на Рис Џејмс. Поради долгата пауза, трибините беа речиси празни во завршницата.
Откако се вратија на терен, стуацијата на теренот малку се промени. Мало Густо направи прекршок за пенал, а искусниот Анхел ди Марија реализираше за 1-1 во судиското продолжение. Но, второто продолжение беше целосно во знакот на Челси. Бенфика остана со играч помалку откако Престијани доби директен црвен картон, а „сините“ го искористија тоа и за само девет минути постигнаа три гола – Нкунку, Нето и Друсбери-Хол се запишаа во листата на стрелци.
Во четвртфиналето, Челси ќе се соочи со бразилскиот Палмеирас, кој го елиминираше Ботафого со минимални 1-0.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
15мин
-
22мин
-
32мин
-
32мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5