Фото: „Икс“ / скриншот

ВИДЕО: Украина повторно удри врз нафтоводот „Дружба“, големи пожари и експлозии

Серија експлозии ноќеска се слушнале кај рускиот град Брјанск, а според извештаите, во близина на градот бил погоден нафтоводот „Дружба“ во удар на украински дрон, јави „Ројтерс“.

Во областа биле слушнати повеќе големи експлозии. На социјалните мрежи се објавени снимки на кои се гледа како голем пожар беснее во постројките на нафтоводот.

Транзитниот нафтовод „Дружба“ испорачува нафта од Русија во Унгарија и Словачка, а во изминатиот месец двапати беше цел на напади од Украина, на 17 и 22 август.

Ударот врз нафтоводот доаѓа по една од најинтензивните ноќи на руски напади врз Украина, во кои учествувале 800 дронови, според украинската војска. За првпат од почетокот на војната, крстосувачки ракети го погодија центарот на Киев и владина зграда, во која утрово избувна пожарот по ракетниот напад.

Во меѓувреме, во својата прва реакција на синоќешните руски напади, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сојузниците да „спроведат сè што е договорено во Париз“.

Тој напиша на „Телеграм“ дека Украина била погодена од „повеќе од 800 дронови, 13 ракети, од кои четири се балистички“, пренесе Би-би-си.

Осврнувајќи се на извештаите дека 32-годишна жена и нејзиното двомесечно дете биле убиени во Киев, Зеленски рече: „Ваквите убиства сега, во време кога вистинската дипломатија можеше да започне одамна, се намерен криминал и продолжување на војната“.

ФОТО+ВИДЕО: Русија за првпат погоди владина зграда во Киев, пожар беснее по жестокиот утрински удар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот