фото: EPA-EFE/GABRIELE MENIS

ВИДЕО | Удинезе рутински до триумф над Емполи во Серија А

Денеска во рамките од најсилното италијанско фудбалско првенство во 25 коло, екипата на Удинезе пред своите навивачи убедливо со 3:0 славеше над Емполи.

После првото полувреме домашните играчи имаа водство од 1:0 со погодокот на Екеленкамп во 19 минута.

Истиот фудбалер во 65 минута ја зголеми предноста, додека Товин во 90 минута го постави конечниот епилог.

За Удинезе ова беше деветта победа сезонава во Серија А за моментно 10 позиција со 33 бодови, додека Емполи кој се бори за опстанок во елитата, се наоѓа на 17 место со 21 бод.

Се одиграа уште дна меча, Комо со 2:0 на гости триумфираше против Фиорентина, а мируваа мрежите на дуелот Монца – Лече (0:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот