
ВИДЕО | Удинезе го шокираше Интер на „Џузепе Меаца“, Лацио без проблеми против Верона
По убедливата победа над Торино во првиот натпревар од новата сезона во италијанскиот фудбалски шампионат, Интер беше непријатно изненаден дома на „Џузепе Меаца“, со пораз од Удинезе со 2:1 во рамките од второто коло.
Препорачано
Миланските „нераѕури“ поведоа со голот на Дамфрис во 17 минута од натпреварот, но до полувремето се случи пресврт.
Прво, Дејвис израмни од пенал, а потоа Ата им донесе водство на гостите со одлиечн удар од 16 метри.
Интер имаше неколку шанси во понатамошниот дел од мечот, гол на Ди Марко беше поништен, а ниту Чалханоглу ниту Тирам не искористија свои шанси. Удинезе го издржа притисокот и дојде до голем триумф.
Екипата на Лацио рутински ја победи Верона со 4:0, а прашањето за победникот беше решено веќе во првото полувреме.
Головите ги постигнаа Гендуци, Закањи, Кастеланос и Диа, за први бодови сезонава во Серија А.
Претходно Торино и Фиорентина одиграа без голови (0:0), додека Јувентус славеше на гостувањето кај Џенова со 2:0.
ВИДЕО | Влаховиќ и Костиќ за триумф на Јувентус во италијанската Серија А против Џенова
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
4час
-
5час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5