Фото: Instagram / Youtube

ВИДЕО | Уапсен демначот на Шакира пред нејзиниот дом: Ѝ испраќал подароци и планирал заедничка иднина

Осомничениот демнач кој тврди дека познатата пејачка Шакира е „неговата сопруга“ уапсен е пред нејзиниот дом во Мајами, откако наводно ѝ испраќал подароци, вклучувајќи вино, чоколади и играчки. Даниел Џон Валтиер беше приведен во понеделникот и обвинет за следење.

Според „Дејли мејл“, 56-годишниот маж од Ел Пасо, Тексас, наводно споделил повеќе објави за Шакира на социјалните мрежи, кои нејзиниот тим за безбедност ги предал на властите на 3 јануари.

Во една од објавите, осомничениот напишал како ќе се ожени со пејачката и ќе „започне бизнис“ со неа. Тој зборувал за односот со нејзините деца и додал дека „Шакира сака да го сподели остатокот од животот со него“.

Тој се појавил пред куќата на пејачката само пет дена подоцна, со такси, во 12 часот и 45 минути, а набрзо потоа бил уапсен. На Валтиер му беше одреден притвор и се појави на суд во вторникот, каде рече дека не може да ја исполни наредбата да се држи подалеку од колумбиската пејачка.

„Таа е моја сопруга“, му рекол на судијата и истакнал дека „постојано разговара со неа“.

Инаку, не е јасно дали Шакира била во куќата кога пристигнал осомничениот. Обвинителите го задржаа Валтиер на обврзница од 100.000 долари. Судијата му нареди на Валтиер да се држи подалеку од Шакира, да не контактира со неа и да не ѝ испраќа подароци, и покрај тврдењата на осомничениот дека се во брак.

„Не, господине, таа не е ваша сопруга“- тврдеше судијата и додаде дека е навистина загрижен за Валтиер бидејќи е „заблуден“.

Инаку, Валтиер има криминална историја што датира од 1988 година и е уапсен под обвиненија кои вклучуваат дрога, тежок напад, возење во пијана состојба и јавно пијанство. Според затворските записи, тој последен пат бил уапсен во Ел Пасо во 2019 година за кражба.

ФОТО | Шакира има нова љубов: Тој е сосема поинаков од Пике

ФОТО | Шакира има нова љубов: Тој е сосема поинаков од Пике

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот