
ВИДЕО | Турска „забава“ во Рига – Џеди Осман блескаше во победата над Летонија на Евробаскет
Турската кошаркарска репрезентација ја победи Летонија со резултат од 93:73 во првото коло од Групата А на Евробаскетот. На Летонците не им помогна ниту поддршката од домашните навивачи во „Ксиаоми Арена“.
Препорачано
Турскиот тим го заврши натпреварот со 60 проценти успешност во шутирањето за два поени (18/30) и идентичен процент во шутирањето за три поени (15/25), што е навистина реткост во статистиката.
На крилата на разиграниот Кенан Сипахи и во рекетот на снаодливиот Алперен Шенгун, Турците влегоа доминантно во дуелот од самиот почеток. За помалку од четири минути игра, тие добија двоцифрено водство (13:3) и го принудија летонскиот тренер Лука Банки да реагира со тајм-аут.
Alperen Sengun is cooking already 🔥#EuroBasket pic.twitter.com/GSTeNvxM9l
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) August 27, 2025
Турците продолжија во ист ритам доаѓајќи до убедливи „плус 14“ – 24:10. На самиот крај од првата четвртина, Летонците конечно најдоа лек за агресивната турска одбрана. Тие одговорија со серија од 11:0 и пред првата пауза од две минути ја намалија разликата на само три поени – 24:21.
Сепак, избраниците на Ергин Атаман не дозволија водството да им се лизне од рацете. Тие постојано ја чуваа позитивата, на полувреме отидоа со плус осум (47:39), а потоа го решија третиот период во своја корист со резултат 25:16 и практично веќе тогаш го решија прашањето за победникот.
SEHMUS HAZER WITH THE DUNK OF #EUROBASKET ALREADY 😳😳😳 pic.twitter.com/kDoFDdvl6D
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) August 27, 2025
Најефикасен играч во турската репрезентација беше Џеди Осман (роден во Охрид) со 20 поени. Кенан Сипахи постигна 19 (5/5 за тројки), Алперен Шенгун 16 и Шејн Ларкин 15 поени (3/5 за тројки).
Кај кошаркарите на Летонија се истакна Рихардс Ломајс со 16 поени. Артурс Јагарс постигна 11 поени, а Кристапс Порзингис и Роландс Шмиц постигнаа по 10. Турција ќе игра против Чешка во второто коло од Групата А, во петок во 13.45 часот, додека Летонија ќе се сретне со Естонија, истиот ден од 17.00 часот.
Latvia's house?
Cedi Osman disagrees 😤#EuroBasket x @tbf pic.twitter.com/9tyCZmnZpd
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) August 27, 2025
ВИДЕО | Литванците ја оправдаа улогата на фаворит со победа над Велика Британија на Евробаскет