Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ВИДЕО | Турска пратеничка му бакна рака на Ердоган и доби 200 лири
Видеото од настанот во Адана на кое се гледа како пратеничка на владејачката партија АКП во Турција не само што му ја бакнува раката на претседателот Реџеп Таип Ердоган, туку од него добива и банкнота од 200 лири, предизвика остри реакции во јавноста.
Препорачано
Протагонист е пратеничката Седа Сарибаш која беше присутна на настан за пуштање во употреба на автопат.
Турските медиуми зборуваат за „џепарлак“ од претседателот Ердоган на неговата пратеничка, која била на настанот со своето дете, а Ердоган е навикнат да дава пари на децата на настани.
Овие слики, а особено ракувањето предизвикаа реакции кај опозицијата во Турција, а нејзините претставници тврдат дека пратениците на АКП „не функционираат независно, а со тоа му служат на режимот“.
Седа Сарибаш ја претставуваше Турција на изборот за Мис на светот во Кина во 2005 година. 41-годишната Сарибаш потекнува од Адана, иако е родена во Истанбул.
Нејзината мајка беше членка на Партијата на правдата и развојот (АКП), додека нејзиниот сопруг, бизнисменот Седат Сарибаш, со кого се омажи во 2006 година, исто така е член на истата партија.
Во 2015 година, сега 41-годишната пратеничка беше потпретседател на женската секција на АКП во Адана, додека од 2016 до 2018 година беше претседателка на истата секција.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
14мин
-
20мин
-
25мин
-
33мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5