(ВИДЕО) Турција го тестираше својот најмоќен борбен авион од петтата генерација

Турските воздухопловни сили го изведоа првиот лет со своето најново борбено летало од петтата генерација авиони кое го носи името „КААН“, а неговата промоција ја најави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган уште пред една година.

На социјалната мрежа „X“ објавено е и видео од летот на новиот воздухоплов.

Турција, членка на НАТО, го започна проектот „TF-X“ во 2016 година за производство на национален борбен авион. Турската компанија „TUSAS“ во 2017 година потпиша договор вреден 125 милиони долари со британската компанија „BAE Systems“ за развој на нова генерација борбени авиони.

Турција сега планира да започне сериско производство на домашни мотори за авиони. Се очекува производството да започне во 2028 година.

Земјата неодамна склучи договор за купување на 40 борбени авиони Ф-16 и 79 комплети за модернизација на борбени авиони кои ги поседува.

Турција е заинтересирана и за купување на 40 авиони „Еурофајтер Тајфун“, кои заеднички ги произведуваат Германија, Велика Британија, Италија и Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот