ВИДЕО | Тројка на Кари на една секунда до крајот за победа на Голден Стејт, Далас убедлив против Оклахома

Фото: Golden State Warriors

Кошаркарите на Голден Стејт славеа победа во најдраматичниот натпревар изминатата вечер во НБА лигата. До победат Вориорс стигнаа благодарение на одличниот Стеф Кари кој на седум десетинки до крајот погоди тројка за 113:112.

Во текот на комплетниот натпревар гледавме изедначен дуел и ниту еднаш некоја екипа немаше поголема разлика од седум пени.

Кари ја доби топката на само 2.7 секунди пред истекот на времето, шутираше од далечина и на нецела секунда до крајот поентираше за победа. По поените на Кари гостите немаа шанса да реализраат и да возвратат.

Уште еден одличен натпревар одигра Лука Дончиќ кој го предводеше Далас до убедлива победа против Оклахома од 146:111. Словенечкиот кошаркар ја заврши средбата со 32 поени, осум скока и девет асистенции.

Во редовите на поразените Шеј Гилџис-Александер беше најефикасен со 25 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Далас – Оклахома 146-111, ЛА Клиперс – Детроит 112-106, Бруклин – Сан Антонио 123-103, Шарлот – Мемфис 115-106, Орландо – Чикаго 114-108, Вашингтон – Филаделфија 113-119, Атланта – Хјустон 122-113, Њујорк – Индијана 111-125, Торонто – Кливленд 95-119, Портланд – Њу Орлеанс 84-93, Г. Стејт – Феникс 113-112.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот