Фото: БТА / скриншот

ВИДЕО: Тројца загинати и над 100 повредени во катастрофалните поплави на бугарското приморје

Еден граѓанин и двајца спасувачи загинаа во поплавите предизвикани од обилните дождови во бугарското одморалиште Елените на Црното Море, објави денес бугарскиот министер за внатрешни работи Даниел Митов.

Тој понатаму изјави дека лицето кое починало било во соба на приземјето од неговата куќа кога пристигнал првиот голем бран. „Ова е голема катастрофа во која мора да преземеме сите потребни мерки за надминување на последиците“, нагласи Митов, пренесе БТА.

Митов ги повика луѓето да „не се спротивставуваат и да се евакуираат“, истакнувајќи дека нема точен број на оние кои сè уште не се евакуирани.

„Во моментов нема кризни точки на брегот на Црното Море и се надеваме дека нема да има. Во контакт сме со Националниот институт за метеорологија и хидрологија за да обезбедиме јасност во врска со претстојните обилни дождови и да бидеме подготвени да одговориме на секоја опасност“, рече бугарскиот министер.

Шест жени, од кои три се полски државјанки, беа евакуирани од одморалиштето. Теренските возилата не беа во можност да пристапат до поплавените згради. Спасувачки екипи се испратени од градовите Несебар и Поморје, додека нуркачи и специјален амфибиски брод работат на местото на настанот.

Порано денес, градоначалникот на југоисточниот бугарски град Бургас, Димитар Николов, прогласи делумна вонредна состојба, која ќе биде на сила до 6 октомври, откако обилни врнежи од дожд и силни поплави погодија неколку области. Мерката се однесува на Бургас, Рибарското село, селото Маринка и комплексот вили Черници, каде што за 12 часа наврнале повеќе од 250 литри дожд на квадратен метар, според локалната хидрометеоролошка станица.

Мост во областа Черници се урна, блокирајќи го пристапот до областа каде што се наоѓаат вилите. Во округот Крајморје, врнежите достигнаа 186 литри на квадратен метар, додека во Рибарското село се регистрирани 117 литри на квадратен метар.

Локалните власти го ограничија сообраќајот во Рибарското село и областа Черница, додека копнениот пристап до рибарското пристаниште Крајморје е затворен, а пет брода се превртеа. Општинскиот кризен штаб на Бургас е свикан за да ги координира мерките за итни случаи и да надгледува евентуална евакуација на најпогодените подрачја.

Граѓаните се повикуваат да останат дома и да избегнуваат патувања додека не се стабилизира ситуацијата.

ВИДЕО | Невреме во Бугарија: има загинати, поплавени се куќи, улици, урнати мостови…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот