Пукање во Пенсилванија/Фото: Kyle Mazza - UNF News via CNP / Zuma Press / Profimedia

ВИДЕО | Тројца полицајци загинаа, двајца се ранети во престрелка во Пенсилванија

Тројца полицајци се убиени, а двајца сè уште се во критична, но стабилна состојба по пукањето во средата попладне по локално време во рурална област во централна Пенсилванија, изјави комесарот на државната полиција на Пенсилванија, полковник Кристофер Парис.

Осомничениот за пукањето бил убиен од страна на полицијата, соопштија официјални лица.

Четворица од полицајците работеле за Регионалната полициска станица на Северен Јорк, додека петтиот бил заменик-шериф на округот Јорк. Службениците во средата вечер открија дека тројца од полицајците им подлегнале на повредите, додека двајца од нив преживеале.

Официјалните лица изјавија дека полицајците постапувале по потерница во областа кога осомничениот извадил пиштол и отворил оган врз нив.

Дејв Милер, кој живее преку улицата од каде што се случила пукотницата, изјави за WHTM дека ги гледал полицајците како се приближуваат кон областа каде што имало штала и фарма, а потоа слушнал „многу, многу истрели. Беше како сцена од криминалистички филм“.

Државната полиција на Пенсилванија го истражува пукањето. Тие не го објавија името на напаѓачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот