фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

ВИДЕО | Третолигашот Арминија во финалето на германскиот Куп

Фудбалерите на третолигашот Арминија Билефелд приредија сензација со пласманот во финалето на Купот на Германија откако во полуфиналето го совладаа бранителот на титулата Баер Леверкузен со 2:1. Ова е најголемиот успех во историјата на клубот, основан пред 119 години.

Минатогодишните двојни освојувачи на круната се чинеше дека ќе слават рутински откако Џонатан Тах ги доведе гостите во предност во 17 минута.

Но, само три минути подоцна Арминија израмни со голот на Мариус Ворл, а во последните моменти од првото полувреме домашната екипа го сврте резултатот со голот на Максимилијан Гросер.

Така, Баер стана четвртиот бундеслигаш кој е елиминиран од Арминија на патот до финалето по Вердер, Фрајбург и Унион Берлин.

Во второто полуфинале на германскиот Куп во среда се среќаваат Штутгарт и РБ Лајпциг. Финалето ќе се игра на 24 мај во Берлин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот