
ВИДЕО | Tренерот Николиќ влезе на терен и собори играч, МЗТ со пресврт го победи Кожув
МЗТ Скопје многу потешко од очекувањата дојде до победа против Кожув (83:69), а видовме и исклучување на тренерот Драган Николиќ кој влезе на теренот и собори противнички играч
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Гевгеличани најавија дека се подготвени да се борат против фаворизираниот противник. А тоа апсолутно и го испочитуваа во воведниот дел од средбата во СЦ „Јане Сандански“. Дури и првата четвртина ја решија во своја корист, макар со минимални )25:23). Пред се со една доста тимска, и пред се, организирана игра во нападот во кој свое учество имаа сите пет стартери во тимот на Александар Јончевски.
Во втората четвртина се играше далеку понеефикасно. Тешко се стигнуваше до поените, на двете страни на теренот. Па по 15.минути, Кожув сеуште водеше, и тоа со нешто повисоки (32:28). Гевгеличани продолжија со добрата игра и во втората четвртина. На средината од тој дел од играта, по поените на најдобриот стрелец во Првата лига, Мајрон Гордон, Кожув беше во плус од дури девет поени (39:30).
За голема нервоза во домашната екипа која кулминираше со исклучување за тренерот Драган Николиќ и Абдул Абу, некоја минута подоцна.
View this post on Instagram
Но кратки беа минутите на слабост на гостинската екипа во првото полувреме од овој меч. Тројките, прво на Главчев, а потоа и на Гордон, до истекот на полувремето го однесоа Кожув на големи (49:39).
За потоа гевгеличани како да застанааа. Поентираа само еднаш во пет минути по одморот. Во „меѓувреме“ МЗТ Скопје даде девет, беше на достижни (48:51). Но „сино-белите“ не застанаа, за разлика од предизвикувачот. Војдан Стојановски, донесе егал-резултат (51:51), а еден од помладите во тимот, Андоноски, и водство за МЗТ Скопје, по една долга, долга пауза (54:51), кое со тројка го „пролонгира“ Кефи, за уште поголеми (57:51).
Четвртината за „камбек“, МЗТ Скопје ја затвори со (24-6, парцијлно гледано) и со високи (63:55). Не успеа Кожуф да се врати по таа слаба четвртина, па МЗТ до крајот само ја зголемуваше предноста.
ПРВА ЛИГА МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ – ПРВИ НАТПРЕВАРИ
МЗТ Скопје Аеродром – Кожув 83:69 (1-0)
Пелистер – Феникс 2010 90:86 (1-0)
ТФТ Моzzart – Еуро Никел 2005 62:70 (0-1)
Гостивар – Работнички 76:69 (1-0)