ВИДЕО | Тренчевска: Жените не смеат да живеат во страв, институциите мора да ги заштитат и да го спречат насилството

Пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска повика на доследнопочитување на законите, навремена и ефикасна реакција од сите надлежни институции за заштита, спречување и превенција од насилство врз жените.

Тренчевска во име на Клубот на жени пратенички на денешната прес-конференција во Собранието посочи дека Клубот на пратенички едногласно ги поддржа измените на Кривичниот законик, со кои фемицидот за првпат се препознава и третира како кривично дело. Таа нагласи дека жените не смеат да живеат во страв, а институциите мора да преземат мерки за превенција и спречување на насилството.

„Бараме од надлежните институции да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот. Бараме од судските органи да ја имаат во предвид ратификуваната Истанбулска конвенција и одредбите од Кривичниот законик којшто се усогласени со истата“,
изјави Тренчевска.

Реакцијата доаѓа по двојното убиство во Велес, како и зачестените насилства врз жените што се случија во државата.

Според Тренчевска, насилството врз жените мора да биде јавно осудено и институционално санкционирано.

„Ние, жените од парламентот, едногласно, остро и силно ги осудуваме зачестените случаи не само на свирепо насилство, туку и на фемицид. Ова реакција на Клубот на жени пратенички сакаме да допре до сите граѓани и до сите институции во државата со цел ефикасна превенција, заштита и спречување на насилството врз жените“, изјави Тренчевска

.

Ново сведоштво | Пред 12 години го пријавила убиецот на Росица во полиција: „Јас можев да бидам на нејзиното место“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот