Трамп и Меланија во ОН принтскрин NEXTA

ВИДЕО| Трамп: Од Обединетите нации добив неисправни подвижни скали и расипан телепромтер

Снимателот на американскиот претседател Доналд Трамп веројатно ненамерно ја активирал безбедносната функција на ескалаторот, кој запрел кога Трамп, придружуван од неговата сопруга Меланија, стапнал на него  во зградата на Обединетите нации во Њујорк, изјави Стефан Дужарик, портпарол на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Дужарик објасни дека отчитувањата од централната процесорска единица на ескалаторот покажале дека тој „застанал“ откако бил активиран безбедносен систем на скалата и дека ова се случило додека снимателот на Трамп одел наназад по ескалаторот за да го снима неговото пристигнување со првата дама Меланија Трамп.

 

„Снимателот можеби ненамерно ја активирал таа безбедносна функција. Безбедносниот механизам е дизајниран да спречи луѓе или предмети случајно да бидат заглавени или вовлечени во запчаниците“, рече Дужарик.

Белата куќа соопшти дека истражува дали ескалаторот бил намерно запрен за да се понижи американскиот претседател, кој подоцна го критикуваше глобалното тело во својот говор пред Генералното собрание на ОН во Њујорк.

„Ако утврдиме дека станува збор за вработени во ОН кои намерно се обидувале да ги сопнат, буквално да ги сопнат претседателот и првата дама на Соединетите Американски Држави, тогаш подобро е да има одговорност за тие луѓе. И јас лично ќе се погрижам за тоа“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, за Фокс њуз.

Трамп се пожали на инцидентот за време на неговото обраќање пред Генералното собрание на ОН откако неговиот телепромптер дури и не работеше на почетокот на неговиот говор.

„Двете работи што ги добив од Обединетите нации се лош ескалатор и лош телепромптер“, рече Трамп во говорот пред Претставничкиот дом, додавајќи: „Кој и да го користи тој телепромптер е во голема неволја“.

Потоа – очигледно шегувајќи се – ги поврза двата инциденти со она што го нарече повеќекратни неуспеси на ОН, вклучително и недостаток на поддршка за нивните напори за одржување на мирот во низа конфликти.

„Завршив седум војни, се занимавав со лидерите на секоја од овие земји и никогаш не добив телефонски повик од Обединетите нации“, рече Трамп.

„Сè што добив од Обединетите нации беше ескалатор кој застана точно на средина на патот до искачувањето. Ако првата дама не беше во одлична форма, ќе паднеше, но е во одлична форма. И двајцата сме во одлична форма“, рече американскиот претседател.

Сепак, ОН инсистира дека постојат едноставни објаснувања. „Ескалаторите беа ресетирани и наскоро повторно беа во функција. Во врска со телепромптерот, немаме коментар, бидејќи телепромптерот за претседателот на САД го управува Белата куќа“, рече Дужарик.

Откако Трамп го заврши својот говор, претседателката на Генералното собрание на ОН, Аналена Бербок, изјави дека „телепромтерите во ОН работат беспрекорно“, со што ги демнатираше обвинувањата на Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот