Фото: „Икс“ / скриншот

ВИДЕО: Трагична несреќа во Италија – пукна сајла од жичарница, четворица луѓе загинаа

Четворица луѓе денеска загинаа во несреќа на жичарница на планината Фаито во близина на Неапол и Соренто во Италија, јави агенцијата „Анса“.

Снимки од напорите на спасувачките екипи за извлекување на единствениот преживеан во падот на вагончето се објавени на социјалните мрежи:

Спасувачките служби соопштија дека човекот е сериозно повреден и дека бил пренесен во болница со хеликоптер.

„Кабината на врвот се урна“, изјави Умберто Де Грегорио, претседател на EAV, јавната транспортна компанија која раководи со жичарницата. Тој тоа го нарече „трагедија“.

Италијанските медиуми објавија дека еден од каблите што ја потпирале кабината се скинал. На шеснаесет патници кои се нашле во другите вагончиња, спасувачите им помогнале да се симнат, а тие биле евакуирани еден по еден со помош на ремени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот