ВИДЕО: Трагедија во Турција при прослава на победа на опозицијата – се урна балконот, еден загина, 8 повредени

Се урна балкон додека опозицијата во Турција славеше победа/Фото: Скриншот

Прославите во провинцијата Тавас во Турција за победата на опозицискиот кандидат за градоначалник на Републиканската народна партија на изборите во неделата имаа трагичен крај кога се урна балкон на кој се наоѓаа осум партиски функционери, при што еден загина, а двајца беа тешко повредени.

Загина заменик-шефот на локалната организација ИХА, Мехмет Палаз.

Несреќата се случила за време на прославата за изборната победа на кандидатот на ИХА Кадир Татик.

Група негови приврзаници се качиле на балконот на зградата која неколку секунди подоцна се урнала при што три лица биле тешко повредени, а еден од нив Палаз починал во болницата каде што бил пренесен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот