20 метри широка дупка проголта мотоциклист во Сеул/Фото: EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

ВИДЕО | Трагедија во Сеул, се отвори патот, мотоциклист падна во огромна дупка

Мотоциклист кој заедно со мотоциклот пропаднал во огромна дупка која се отворила додека возел по булевар во областа Гангдонг, во главниот град на Јужна Кореја по 12 часа потрага е пронајден мртов.

Инцидентот се случил во понеделникот, кога патот наеднаш попуштил, при што го однесе несреќниот возач.

Дупка среде улица во Сеул/Фото: EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Спасувачите го пронашле телото на мажот во вторник наутро, во 11 часот по локално време, на околу 50 метри од местото каде што тој паднал. Идентитетот на мажот на возраст од околу 30 години не е соопштен.

Според Би-Би-Си, дупката, широка 20 метри и длабока 20 метри, предизвика силна загриженост, додека на интернет кружат снимки од камерата што го снимаат моментот на потонувањето. На видеото се гледа како мотоциклот паѓа во отворот на патот, додека автомобилот напред успева да го избегне во последен момент.

Шефот на противпожарната служба во Гангдонг, Ким Чанг-сеоп, изјави дека на местото на уривањето има околу 2.000 тони земја и вода. Во истиот инцидент повреден е и возач на автомобил, но тој не е во животна опасност.

Засега не е познато што го предизвикало спуштањето на земјиштето. Сепак, неодамнешниот извештај до метрополитенската влада на Сеул откри дека во изминатите десет години, во градот се случиле 223 такви инциденти, главно поради лошо одржување на инфраструктурата, истрошени или стари цевки, долгорочно слегнување на тлото или несреќи при ископ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот