Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

ВИДЕО: Тотенхем поблиску до финалето во Лига Купот, го победи Ливерпул со гол на 18-годишник

Eкипата на Тотенхем го победи Ливерпул и со минимални 1:0 се пласираше во англискиот Лига Куп, а внимание во овој натпревар привлече и сцената во која Родриго Бентакур се сруши на теренот (ТУКА).

По првите 45 минути мрежите мируваа, додека второто полувреме донесе повеќе прилики за гол на двете страни.

Моментот на одлука се случи во 86. минута кога 18-годишниот Лукас Бергвал ја погоди мрежата на „црвените“ и тој гол се покажа како доволен Тотенхем да обезбеди предност пред реваншот.

За Ливерпул ова беше само втор пораз од сезонава, но и се прекина серијата од 24 натпревари без пораз.

Реваншот Ливерпул и Тотенхем е закажан за шести февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот