Фото: EPA / Принтскрин Јутјуб

ВИДЕО | Таткото на Илон Маск откри шокантна вистина за синот: „Ќе ме убие поради ова што го кажувам“

Ерол Маск, таткото на Илон Маск, јавно го критикуваше својот син и неговите родителски вештини за време на појавувањето на подкастот „Wide Awake“, само два дена пред писателката Ешли Клер да објави дека родила дете кое било на Илон.

„Тој не е добар татко. Првото дете помина премногу време со дадилките и почина додека беше оставено на нивната грижа“, рече Ерол, мислејќи на синот на Илон, Невада, со поранешната сопруга Џастин Вилсон. Невада почина во 2002 година на возраст од 10 недели.

„Илон ќе ме убие поради ова што ќе го кажам, но јас така мислам. Тоа не е добро. Тие беа премногу богати, премногу дадилки“, додаде тој, истакнувајќи дека децата на Илон и Џастин – близнаците Грифин и Вивијан и тројките Каи, Саксон и Демијан – имале свои дадилки.

„Кога се разделија, имаше шест дадилки од оваа и шест од онаа страна. Многу чудна ситуација“, нагласи Ерол. На прашањето на водителот дали тоа значи дека Илон не поминува доволно време со своите деца, тој одговорил потврдно. Клипот од интервјуто брзо стана вирален на социјалните мрежи, при што многумина ги осудија изјавите на Ерол, посочувајќи го неговото контроверзно однесување, вклучувајќи го и фактот дека тој има дете со својата поранешна поќерка Јана Безуиденхаут. „Лошите татковци можат да забележат лоши татковци“, гласи еден коментар.

Покрај неговите деца со Џастин Вилсон, Илон Маск има и три деца – синовите X AE A-XII и Техно и ќерката Екса – со неговата поранешна партнерка Грајмс, како и близнаците Страјдер и Азур и уште едно дете со Шивон Зилис. Ешли Клер неодамна откри дека го родила неговото 13-то дете, но брзо ја избришала својата објава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот