фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

ВИДЕО | Тајсон Фјури објави крај на професионалната кариера

Тајсон Фјури, британскиот боксер во тешка категорија и поранешен светски шампион на ВБЦ, објави крај на својата професионална боксерска кариера.

Британецот објави кратка порака на социјалните мрежи.

– Здраво на сите, ќе бидам краток и јасен. Сакам да објавам дека се повлекувам од боксот. Беше прекрасно, уживав во секоја минута од тоа – рече 36-годишниот Фјури.

И претходно се повлекуваше од професионалната кариера, но сега се чини дека дојде крајот со оглед на тоа што на последните два меча претрпе порази од Олександр Усик.

Украинецот првпат славеше летото минатата година, кога го симна Фјури од тронот на ВБЦ, а во декември доживеа нов пораз.

Фјури за прв пат се прости во 2022 година, кога славеше во борба против Дилијан Вајт. Сепак, тој се врати во рингот истата година, кога имаше борба со Дерек Чисора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот