Британи Лакајо, девојката со најширок јазик на светот - Фото: Принтскрин/ Јутјуб

ВИДЕО | Таа го има најширокиот јазик на светот: Гинисов рекорд за скриениот дар на една девојка

Откријте ја неверојатната приказна за Британи Лакајо и нејзиниот рекордно широк јазик. Овој необичен талент ја донесе до светска слава, а нејзиното име сега има свое место во Гинисовата книга на рекорди.

Таа порано го криеше тоа како да е најстрога тајна, а денес гордо му го покажува на целиот свет. Бритни Лакајо, адвокатка од Хјустон, со години криела една физичка црта што ја правела да се чувствува непријатно, нејзиниот неверојатно голем јазик.

И не, не зборуваме со метафори. Нејзиниот јазик е буквално речиси со иста ширина како кредитна картичка – точно 7,9 сантиметри. Толку е широк што ѝ го донесе официјалниот Гинисов рекорд за најширок женски јазик во светот.

Уште како дете, Бритни знаела дека е „различна“. Нејзиното семејство и пријателите често ја задевале, но таа се обидувала да го игнорира сето тоа, па дури и да не отвора уста повеќе отколку што треба на работа, за колегите да не го забележат нејзиниот „скриен дар“.

Пресвртот се случил кога видела видео од тогашната рекордерка Емилија Шленкер на интернет и помислила дека нејзиниот јазик е поширок. Набрзо следеле прецизни мерења, пријава во Гинисовата книга на рекорди и потврда за официјален рекордер.

Разликата од претходната рекордерка била точно 0,57 сантиметри, доволно за да влезе во историјата.

Бритни вели дека ѝ е забавно и малку смешно сега кога се сеќава колку се срамела порано од нејзиниот јазик. Денес, таа е горда и подготвена да покаже што криела со години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот