
ВИДЕО | Таа божица, тој Аполон: Ирина Шајк фатена во жесток бакнеж со најпосакуваниот актер
Рускиот топ модел Ирина Шајк се смета за една од најпосакуваните жени во светот. Микеле Мороне ја носи титулата за најзгоден маж на светот. Во теорија, замислувањето на нив двајца како вљубен пар звучи одлично, но во пракса е друга приказна.
Препорачано
Ирина Шајк и Микеле Мороне предизвикале вистинска сензација на улиците на Неапол кога пред сите страсно се бакнувале. Меѓутоа, зад нивната „филмска размена на нежности“ не стои нова љубовна врска, туку деловна соработка – двајцата штотуку снимија нова кампања за луксузниот моден бренд „Долче и Габана“.
@tmz #IrinaShayk and #MicheleMorrone ♬ original sound – TMZ
Супермоделот и актерот беа фотографирани како страсно се бакнуваат во јавност на фотографиите што ги објави „Пејџ сикс“.
Жешката сесија е строго професионална – двајцата снимаа заедно рекламна кампања за италијанската марка „Долче и Габана“.
Шајк (39) и Мороне (34) прегрнати страсно се бакнувале. И двајцата нагло се разделиле кога камерите престанале да снимаат, смеејќи се помеѓу кадровите.
Ѕвездата од „365 дена“ изгледал згодно во сиво одело, додека Шајк го покажала своето вонсериско тело во проѕирен црн топ и здолниште.
И Ирина и Мороне досега глумеа во повеќе кампањи на „Долче и Габана“ одделно, иако никогаш заедно досега.
Ирина Шајк ѝ е добро позната на јавноста. Таа е поранешна партнерка на актерот Бредли Купер, а позната е по својот беспрекорен изглед и кариера која вклучува соработка со најпознатите светски дизајнери и модни куќи. Во последната година таа беше во фокусот на медиумите поради кратката и неформална романса со ѕвездата на НФЛ, Том Брејди, со кого наводно била во врска на почетокот на оваа година.
View this post on Instagram
Мороне станува сè поголема ѕвезда.
Италијанскиот актер е роден во Меленџано, Италија, студирал глума, бил во брак со либанската модна дизајнерка Руба Садех, со која има два сина, Маркуд и Бред. Тие се разведоа во 2018 година по четири години заеднички живот.
Микеле Мороне (34), италијански актер и пејач, стана светски познат по својата улога во контроверзниот филм „365 дена“. Освен по глумата, тој е познат и по соработките со различни брендови во светот на модата. Неговиот стил, харизма и добар изглед го прават чест избор за модни кампањи, а „Долче и Габана“ го ангажираат со години. Покрај тоа, тој е познат по својата изразена хемија со колешките – иако, според него, овие приказни обично се само дел од работата.
ФОТО | Ирина Шајк никогаш не изгледала подобро: Позираше во костим за капење и високи гумени чизми
ВИДЕО+ФОТО | Тристан е минато: Клои Кардашијан во прегратка на италијанскиот заводник Микеле