Фото: Промо

ВИДЕО | „Суперхикс“ и „21“ ги здружија силите: Слушнете ја нивната нова песна „Правда“

Македонските музички групи „Суперхикс“ и „21. век“ го промовираа видеозаписот за нивната заедничка песна „Правда“, која се најде на последниот студиски албум на „Суперхикс“ – „Сила и нервоза“.

Текстот го напиша Борис Минов, а музиката и аранжманот се заедничко дело на „Суперхикс“ и „21 век“. Продукцијата е реализирана во студиото „ТРА ЛА ЛА“ во Скопје, под водство на продуцентот Мите Димовски.

Видеозаписот е во режија на Милан Блажевски, со Огнен Ацевски како директор на фотографија. Марко Најдановски придонесе како асистент на камера, додека Виктор Атовски беше задолжен за дрон операциите. Костимографијата, сценографијата и организацијата беа под раководство на Борис Минов.

Во главната улога на Правдамен се појавува Александар Георгиев, додека останатите улоги ги толкуваат членовите на „Суперхикс“ и „21 век“.

Членовите на групата сакаат да упатат искрена благодарност кон Александар Велиновски од „Јавна соба“, како и кон Елена Вангеловска и Андреј Бартлинг, чиј значаен придонес беше клучен за успешната реализација на овој проект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот