Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES/ ADAM VAUGHAN

ВИДЕО | Страшна глетка: Последните 6 минути од животот на Лијам Пејн поттикнуваат вознемирувачко прашање – дали можел да биде спасен?

Два дена откако беше погребан Лијам Пејн, „Дејли мејл“ објави ексклузивна фотографија, последната на која пејачот е жив, а која е направена само неколку минути пред фаталниот пад од третиот кат на хотел во Буенос Аирес. Овој момент снимен од  безбедносните камери отвори нови прашања, дали фотографијата е доказ дека трагедијата можела да се спречи  и дали тројцата мажи се причината поради која Британецот потенцијално се обидел да побегне преку терасата и да ги избегне обезбедувањето и рецепционерите?

На фотографијата која сигурно до крајот на животот ќе ги прогонува неговите најблиски и многубројните фанови ширум светот, се гледа како Лијам Пејн е под дејство на дрога, но неговото лице е заматено. Како што толкува „Дејли мејл“, очигледно е дека пејачот  го подигнале тројца вработени во хотелот, бидејќи, според очевидци, имал грчеви додека лежел на подот од фоајето. Откако бил подигнат, со лифт бил вратен во неговата соба на третиот кат.

Прашањето што се поставува е, зошто воопшто го однеле во соба ако не се чувствувал добро и зошто никој од хотелот не се јавил веднаш на 911?

Времето на фотографијата покажува 16:54:48, а она што со сигурност се знае, кога станува збор за трагичниот настан од 16 октомври, е фактот дека нешто по 17:00 часот Пејн паднал од височина од 13 метри од балкон од неговата соба и веднаш починал.

Во 17:11 часот пристигнала брза помош која констатирала смрт. Обдукцијата покажала дека пејачот се здобила со повеќе повреди кои предизвикале внатрешно и надворешно крварење. Токсиколошкиот извештај откри траги од алкохол, кокаин и антидепресиви.

Зошто вработените веднаш не се јавиле на 911?

Само неколку дена по погребот, кој се одржа во средата во црквата Света Марија во Амершам, Бакингемшир, овие слики даваат појасен увид во настаните што доведоа до трагедијата.

Понатаму, тука е и прашањето дали поранешниот член на бендот „Уан дајрекшн“ паднал од балкон додека се обидувал да го напушти хотелот незабележано – трик што често го користел уште од тинејџерските денови, а кој го повторил само еден месец пред оваа несреќа, за да избегнете телохранител во Флорида?

Ако временскиот печат од камерата е точен, редоследот на настаните започнува во 15:53 часот, кога Пејн влегува во хотелот со неговиот пријател, аргентинско-американскиот бизнисмен Роџер Норес. Во тој момент тој носи црна капа, која ја ставил за да не го препознаат обожавателите и мала чанта со лични работи.

Неколку пати одел во собата, се сомневаат дека во тоа време консумирал наркотици

Пејачот се појавува расположен и разговара со обожавателите во фоајето пред да се упати во својата соба со Норес. Неколку минути подоцна, во 16:05 часот, двајцата се враќаат во фоајето. Пејачот го носи својот лаптоп, но ги остава капата и чантата во собата. Тој продолжува да зборува со група обожаватели, зборувајќи за својот живот на Флорида, каде што изнајмува куќа од 12.000 долари месечно со неговата девојка, инфлуенсерката Кејт Кесиди.

Фото: Mariano Garcia / Alamy / Alamy / Profimedia

Во 16:06 Норес се збогува со Лиам и го напушта хотелот. Пејачот сè уште изгледа расположен и комуницира со гостите. Во 16 часот и 26 минути е фотографиран како седи во фоајето користејќи лаптоп.

Две минути подоцна, во 16:28 часот, Пејн бил снимен како оди во собата, се враќа во лобито и повторно влегува во неа. Секој пат кога ќе се врател, неговото однесување е сè понеобично. Очевидци изјавиле дека во еден момент добил мејл, по што го треснал лаптопот на подот. Најверојатно Лиам Пејн, секое одење во собата се дрогирал. Следната фотографија е онаа од тројцата хотелски работници кои го извадиле од фоајето во 16:54:48 часот.

Персоналот го ставил во собата за да не ги вознемирува гостите. Само неколку минути откако пејачот бил однесен во неговата соба, хотелот повикал брза помош.

„Имаме гостин кој многу се дрогира и ја уништува собата. Некој да дојде“, изјавил вработениот.

Врската потоа била прекината, но Граси повторно се јавил на 911.

„Итно ни треба некој затоа што … Па, не знам дали животот на овој гостин е во опасност. Тој е во собата на балкон и се плашиме дека можеби ќе направи нешто“.

Според транскриптот на повикот, операторот го прашал персоналот на хотелот дали можат да влезат во собата на Лиам. Вработените одговориле дека не можат. Но, зошто, ако Естебан Граси бил загрижен дека Пејн може да се повреди, хотелот веднаш не го задржал пејачот во фоајето и не се јавил на 911? Зошто го однеле во соба и го оставиле таму?

Ниту еден од персоналот на хотелот, вклучувајќи ги и тројцата мажи кои го презеле Пејн , не е под истрага од аргентинските власти.

Роџер Норес, кој иако го напуштил хотелот долго пред Пејн да почне да се однесува непредвидливо, е обвинет за „напуштање лице пред смртта“.

Норес жестоко ги негирал наводите.

„Никогаш не го напуштив Лиам. Тој ден дојдов во неговиот хотел и заминав 40 минути пред да се случи сето тоа. Во лобито на хотелот имаше повеќе од 15 луѓе кои разговараа и се шегуваа со него кога си заминав, раскажал познатиот претприемач британските медиуми, додавајќи дека на неговиот пријател „секој ден се повеќе и повеќе му недостига“.

На фотографијата, инаку, јасно се гледа дека Пејн додека го враќаат назад во собата, нема ниту црна капа, ниту чанта. Меѓутоа, кога службите за итна помош го пронашле неговото тело во 17:11 часот, тој ги имал двата предмети со себе.

Дали Лиам Пејн сакал да избега од персоналот преку балконот?

Со други зборови, се чини дека помеѓу времето кога бил вратен во собата и моментот кога бил пронајден мртов, пејачот се облекол за да излезе, што значи дека најверојатно Лијам се обидел да го напушти хотелот преку балконот во обид да се избегне персоналот во лобито.

Полицијата во собата пронашла разни реквизити за дрога, меѓу кои изгорени парчиња алуминиумска фолија и траги од бел прав. Сосема е можно Пејн, во својата параноична состојба, да се обидел да се спушти од балконот, што на крајот довело до неговата смрт.

Скршената Шерил по смртта на Лијам Пејн: „Нашиот син веќе никогаш нема да го види својот татко“

Зејн Малик ја одложи турнејата поради смртта на Лијам Пејн

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот