Фото: Скриншот/Јутјуб

ВИДЕО | Српски хорор филм беше забранет во 40 држави, гледачите молат: „Никогаш не го гледајте“

Хорор-трилерот „Српски филм“ (A Serbian Film) од 2010 година и повеќе од една деценија по премиерата предизвикува реакции и згрозеност кај публиката ширум светот. Ова остварување остана запаметено како едно од најконтроверзните во историјата на филмот – делото е забрането во повеќе од 40 земји, а во Шпанија дури беше уапсен директор на фестивал поради неговото прикажување, пишува „Јунилад“.

Приказната го следи Милош, поранешна порно-ѕвезда, кој прифаќа уште една „работа од соништата“, не знаејќи дека влегува во смртоносниот свет на снаф индустријата. На платното се одмотува спирала на сексуално насилство, убиства и перверзии, толку екстремни што, според критичарите, е тешко дури и да се опишат.

Реакциите не изостанаа уште по првите проекции. Во Австралија филмот беше повлечен ден пред закажаното прикажување на фестивал во Мелбурн, а државниот обвинител тогаш го опиша како „гнасен на повеќе нивоа“. Слични забрани следеа во Шпанија, Бразил, Малезија и многу други земји. Во САД и Велика Британија беше дозволено само скратено издание – Американците отстранија една минута материјал, а Британците дури 11 сцени. Најекстремна беше Шпанија, каде што во 2011 година директорот на еден фестивал беше уапсен и обвинет за прикажување „детска порнографија“. Подоцна обвинението беше отфрлено.

Режисерот Срѓан Спасојевиќ во повеќе наврати објаснил дека филмот не е создаден со цел да шокира по секоја цена, туку како сурова политичка метафора.

„Сакавме да ги изразиме најдлабоките чувства кон нашиот регион и светот кој изгледа уреден на површина, но е трул под фасадата“, изјави тој.

Додека дел од критичарите го бранат филмот како алегорија за историјата и општеството, други го отфрлаат како неопростлив. Најчитаната рецензија на ИМДб вели: „Чувствував дека морам да го видам. Сега ми е лошо, повраќам и плачам. Ве молам, никогаш не го гледајте“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот