Ученици од Михајло Пупин во редакцијата на СП/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

ВИДЕО: Средношколци од СЕТУ „Михајло Пупин“ во посета на редакцијата на „Слободен печат“

Група средношколци од средното стручно електротехничко училиште„Михајло Пупин“ од Скопје заедно со нивните професорки дојдоа на посета  на редакцијата на „Слободен печат“ каде од уредниците, новинарите и техничкиот персонал се информираа за професионалните и техничките аспекти на еден медиум, новинарските стандарди и работата на медиумските професионалци, а воедно беа и дел од нашата емисија „Утрински печат“, и го споделија нивното искуство и очекувањата по завршувањето на средното образование.

Нивните професорки велат дека прават се да ги образоваат младите кадри од електротехничката и информатичката струка за да можат потоа да останат да живеат и да работат во земјата, што се поклопи со темата која утринава се обработуваше во емисијата „Утрински печат“.

Средношколците се запознаа со функционирањето на трите сегменти на „Слободен печат“, весникот, порталот и студиото од кое секое утро од 9 часот во работните денови се емитува емисијата „Утрински печат“ со гости од сите сфери кои зборуваат на актуелни теми.

Ученици од Михајло Пупин во редакцијата на СП/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во разговор со уредниците на средношколците им беше посочено колку е важна медиумската писменост за младите луѓе, и како да пристапуваат кон содржините објавените во медиумите но и на социјалните мрежи, како и за опасноста од ширењето на лажни вести и дезинформации.

Ученици од Михајло Пупин во редакцијата на СП/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

За ненајавената посета на ученциите од „Пупин“ во „Слободен печат“ погледнете го видеото…

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот