Емил Павлов / фото: Фејсбук

ВИДЕО: Сребро за Емил Павлов на Светското првенство во Дубаи

Најдобриот македонски каратист, Емил Павлов го освои сребрениот медал на Светското карате првенство во Дубаи, откако во финалето загуби од олимпискиот шампион Стивен Да Коста од Франција со 0:8.

И покрај поразот во финалето во категоријата до 67 килограми, Павлов го оствари најголемиот успех за Македонија на светските првенства, освојувајќи го сребрениот медал, а воедно по втор пат ја искачи Македонија на победничкиот пиедестал.

Претходно, Жарко Ристовски во 2010 година на СП во Белград го освои бронзениот медал ѝ и го донесе првиот медал на Македонија.


На СП кое се одржува во Дубаи, Павлов на патот до финалето ги победуваше Хомола од Словачка, Узбекистанецот Сајматов, Хамат од Јордан, Елксави од Египет и Унгарецот Тадиси. Во финалето непремостлива пречка беше Французинот Да Коста кој е и олимписки шампион.

Емил е двократен европски првак, триумфира на ЕП во Тампере 2014 година и во Нови Сад 2018 година, а има и два бронзени медали од ЕП во Монпелје 2016 и од ЕП во Гвадалахара 2019 година.

Резултатите на Павлов на СП во Дубаи:
Павлов –Хомола (Словачка) 4:3
Павлов –Сајматов (Узбекистан) 3:0
Павлов –Хамат (Јордан) 3:1
Павлов – Елксави (Египет) 4:1
Павлов – Тадиси (Унгарија) 3:3
Павлов –Да Коста (Франција) 0:8

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот