фото: kss.rs

ВИДЕО | Србија ја декласираше Естонија во Рига за моќен старт на Евробаскет, Јовиќ прв стрелец

Српската кошаркарска репрезентација уште од самиот почеток им стави до знаење на сите дека дојде во Рига за да го освои златото на Евробаскетот. Секако, естонската селекција не може да биде вистинскиот параметар според кој ќе се оценува, но денешната доминација на Србија во текот на сите 40 минути беше совршено илустрирана со конечниот резултат – 98:64 во корист на избраниците на селекторот Светислав Пешиќ.

Сè беше јасно на мечот веќе по првите 10 минути од натпреварот. Србија го започна овој меч фуриозно, со солидна одбрана, одличен шут, голем број мотивирани играчи, а меѓу првите што се истакна беше Никола Јовиќ, кој многу брзо стигна до 12 поени, во своето деби на Евробаскетот.

Толку поени имаше целата естонска репрезентација до крајот на првата четвртина, кога Србија веќе имаше „плус 20“ – 32:12.

Сè изгледаше совршено до почетокот на втората четвртина кога Естонците направија серија од 7:0, па Пешиќ беше малку лут на своите играчи за опуштањето, но тоа не траеше долго и до крајот на првото полувреме Србија повторно го засили темпото и стигна до водство од 33 поени – 59:26.

Во првото полувреме, Пешиќ сметаше на вкупно 11 играчи, само Марко Гудуриќ остана на клупата, но во второто полувреме и тој доби шанса.

А на теренот, до крајот на натпреварот, слична слика како во првото полувреме, Србија имаше 44 поени разлика (83:39) на крајот од третата четвртина, а Естонците успеаја да го направат поразот барем малку поблаг во последните десет минути.

Јовиќ беше најефикасен играч во српската репрезентација со 18 поени, Аврамовиќ постигна 13, Петрушев 12, а Јокиќ 11 поени и 10 скока и 7 асистенции, додека капитенот Богдановиќ исто така имаше 11 поени и 7 асистенции. Естонците ги предводеа Дрел со 11 и Кононцук со 10 поени.

Евробаскет 2025

Среда, резултати

1. коло

Група А

Србија – Естонија 98:64
Летонија – Турција 73:93
Чешка – Португалија 50:62

Група Б

Црна Гора – Германија 76:106
Велика Британија – Литванија 70:94
Шведска – Финска 90:93

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот