
ВИДЕО: Србија издоминира и со убедлива победа се „загреа“ за дербито во следното коло
Кошаркарската репрезентација на Србија со доминантна игра го запиша својот најубедлив триумф досега на Европското првенство, совладувајќи ја селекцијата на Чешка со убедливи 82:60, во рамки на четвртото коло од групната фаза.
Препорачано
Натпреварот практично беше решен уште по првите десет минути игра, кога избраниците на Светислав Пешиќ ја наметнаа својата игра и првата четвртина ја завршија со предност од 27:5, оставајќи ги Чесите без конкретен одговор на теренот.
Во втората четвртина двата тима постигнаа по 18 поени, по што на полувреме Србија замина со сигурни 45:23 во корист на Србија. Третиот период беше единствениот кој припадна на Чешка, но тоа не промени многу во конечниот резултат.
Српските кошаркари во продолжене не дозволија натпреварот да излезе од контрола. Во последниот дел повторно ја зацврстија играта и ја одржаа предноста до крајот на натпреварот. Најефикасен во селекцијата на Србија беше Аврамовиќ со 14 поени, Петрушев постигна 13, а Милутинов 12. Никола Јокиќ играше само 18 минути за кои постигна шест поени.
Кај Чесите, Јаромир Бохачик со 12 поени и Јан Жидек со 9, беа најпрецизни, додека Мартин Свобода придонесе со 8 поени, но тоа не беше доволно за да се избегне убедливиот пораз.
Црна Гора ја доби Шведска и ќе игра за осминафинале на Евробаскетот, Турција лесно против Естонија