Фото: Споменикот Илинден оштетен / Принтскрин - Монтажа

ВИДЕО | Споменикот „Илинден“ скапува под вода

Дојче веле објави дека за време на посилни дождови подот на споменикот „Илинден“ во Крушево се наоѓа под вода, витражите се уништени, подот е напукнат, а прозорските рамки се рѓосани.

Еден од спомениците-симболи на борбата на македонскиот народ за сопствена држава пропаѓа и скапува под вода, објави Дојче веле.

При посилен дожд, подот на споменикот „Илинден“ во Крушево е покриен со вода, витражите се оштетени, подот распукан, а рамките на прозорците се кородирани.

Водата стигнува и до гробот на претседателот на Крушевската република, Никола Карев. Во подобра состојба не е ниту надворешната фасада.

Надлежните велат дека нема пари за санација на објектот, а нема веќе ниту кадри кои би знаеле тоа да го сторат, се вели во објавата на Дојче веле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот