ВИДЕО | Спасувачка акција на Попова Шапка: Повредена Австријка при скијање со хеликоптер пренесена во Скопје

На единствениот повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК во 14:20 часот волонтер од Охридска спасителна служба, кој е и водич на туристичка група – скијачи од странство, пријавил дека туристка од Австрија при пад во слободно скијање кај месноста „Орлов камен“ на Попова Шапка се здобила со повреда на ребрата, соопштија од ЦУК.

Заради сериозноста на повредата, а и други здравствени специфичности, не била во можност да се движи. Побаран бил хеликоптер за спасување за транспорт до болница, при што директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, беше во директна комуникација со спасителите, се посочува во соопштението.

При комуникацијата на спасителите со повредената Австријка, таа информирала дека претходно имала операција на ’рбетниот столб и на него имала вградена метална шипка со шрафови. На местото на настанот има пристигнато ратрак и луѓе за поддршка, но состојбата на повредената и комуникацијата со нејзе, индицирала дека транспортот со ратрак заради проблемот со ’рбетот од минатото, како и сегашната дополнителна повреда, би довел до поголеми компликации. Заради специфичноста на итниот случај за повредената бил побаран транспорт со хеликоптер од местото на настанот до болница во Скопје, се подвлекува во соопштението.

Пилотите од Хеликоптерската единица на МВР одговориле веднаш на барањето на Ангелов за интервенција и во моментот на информирањето за настанот хеликоптерот веќе се враќа кон Скопје од Шар Планина.

Присебните спасители, кои се и пријавители на итниот случај укажаа, во директна комуникација со директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, дека на повредената од почетокот на спасителната акција и е пружена прва помош, адекватно била покриена со фолија за да и се зачува топлината и дека се наоѓала во добра општа здравствена состојба, се вели во соопштението од ЦУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот