ВИДЕО | Совети од Клиника „Жан Митрев“: Минимално инвазивна техника – декомпресија на колк

Фото: Промо

Постојат современи техники за зачувување на зглобната функција кои можат да бидат применети, таква е техниката што се нарекува интракоскена биопластика, која го одложува изумирањето на коскената срцевина (IntraOsseous BioPlasty (IOBP®).

Проблемите поврзани со коскениот систем се прилично чести, особено кај повозрасната популација. Дел од нив се однесуваат на сериозни функционални проблеми поврзани со колковите.

Со цел решавање на проблемите и олеснување на секојдневните активности, постојат современи техники за зачувување на зглобната функција кои можат да бидат применети. Таква е техниката што се нарекува интракоскена биопластика, која го одложува изумирањето на коскената срцевина.

Оваа постапка (IntraOsseous BioPlasty (IOBP®) / Bio Filler) е биолошки третман на оштетувања на коскената срцевина кои поттикнуваат физиолошко ремоделирање и поправка на коските, ефикасно ја ублажуваат болката, ја подобруваат функцијата на зглобовите и го одложуваат развојот на остеонекрозата на феморалната глава. Таа се изведува преку декомпресија на јадрото и директна примена на концентрирана коскена срцевина, со цел зголемување на намалената подвижност и ослободување од константна болка.

Фото: Промо

Оваа техника беше применета кај 53-годишна пациентка со аваскуларна некроза на десниот колк. Таа се жалеше на болка и на ограничена функција на зглобот на колкот. По направената клиничка евалуација и дијагностичките снимања, ѝ беше индицирана оваа минимално инвазивна хируршка операција, со цел решавање на нејзиниот проблем.

„Направивме декомпресија на јадрото на колкот со техниката на интракоскена биопластика. Тоа вклучуваше дупчење на една поголема дупка или неколку помали дупки во мртвата коска на главата на бедрената коска (врвот на бутната коска) со цел да се намали притисокот во коската. Со примена на оваа техника се прави декомпресија на јадрото со директна примена на матични клетки – PRP-концентрат од аспират на коскена срцевина со помош на Arthrex Angel System за да се стимулира заздравувањето. Користењето на концентрат од аспират на матични клетки од коскена срцевина (BMAC) земен од нејзината коскена срцевина, содржи фактори за раст и антиинфламаторни протеини, за кои е докажано дека промовираат заздравување на коските и меките ткива, а истовремено и ги намалуваат симптомите на болка поврзана со повреди, тендинитис и артритис“, објаснуваат од Клиника „Жан Митрев“.

Фото: Промо

Со оваа метода се одложува изумирањето на коскената срцевина (остеонекрозата) и со тоа се избегнува поставување вештачки колк.

Тимот ортопеди во Клиника „Жан Митрев“, предводен од проф. д-р Костантин Митев, ги изведува овие процедури.

Закажете преглед или советување на тел. 02/3091-484.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот