Фото: ТВ 24/принтскрин

ВИДЕО: Сопственикот на куќата во која лажно бил пријавен Онишченко брутално го нападна снимателот на „ТВ 24“

Екипа на „ТВ 24“ беше нападната пред куќата на улица „Пржино“ број 28Б која, според официјалните документи, е пријавена како престојувалиште на контроверзниот Украинец Олександр Онишченко, кој добил македонско државјанство со владина одлука.

Нападот од сопственикот на куќата, кој дозволил таа да биде пребивалиште на Онишченко во Скопје, без украинскиот олигарх воопшто да стапне таму, прво го покажуваше половиот орган, со пцовки и погрдни зборови му се нафрли на снимателот на „ТВ 24“, а потоа почна да го удира со боксови.

Бруталниот напад е снимен од камерата на телевизијата.

Мистеријата околу Онишченко тешко се расплеткува: Кошаркарот Пенов не сака да каже како Украинецот му стана состанар заради државјанство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот