Ема и Брус Вилис
Фото: Инстаграм/Ема Хеминг Вилис

ВИДЕО | Сопругата на Брус Вилис: Не се справувам добро со неговата болест

Сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг Вилис проговори за предизвиците и секојдневната борба со која се соочува откако на актерот му беше дијагностицирана афазија, а потоа и фронтотемпорална деменција.

Во објава на Инстаграм, таа сподели дека не се чувствува добро, но дека секојдневно прави напори да открие нешто убаво. Меѓу другото, таа потсети дека дури и во тешките времиња – животот е убав. Токму затоа ги покани нејзините следбеници да споделат фотографии од убави моменти со неа.

Фото: Инстаграм/Ема Хеминг Вилис

Многумина ѝ испратија таква содржина, а таа одвои дел од фотографиите и ги сподели на Инстаграм, изразувајќи благодарност до оние кои ѝ одговорија на поканата.

„Знам дека изгледа како да сум надвор и како да го живеам својот најдобар живот, но секојдневно морам да се трудам да живеам најдобро што можам. Го правам ова за себе, го правам ова за нашите деца и го правам ова за Брус, кој не би сакал да живеам поинаку“, рече таа во снимката објавена на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Ема Хеминг Вилис

„Не сакам да бидам погрешно сфатена дека сум добро, бидејќи – не сум. Не сум добро“, сподели таа и додаде дека нејзините размислувања често водат во „пропаст и тага“.

Сопругата на Вилис раскажа дека тоа е нејзина секојдневна задача, која не ѝ е лесна, но смета дека е навистина важна за неа и нејзиното семејство.

„Кога не се грижиме за себе, тогаш не можеме да се грижиме за никого што го сакаме“, објасни таа, нагласувајќи дека само прави најдобро што може.

Ема и Брус Вилис
Фото: Инстаграм/Ема Хеминг Вилис

Да потсетиме, откако семејството на Брус Вилис во март 2022 година објави дека на актерот му е дијагностицирана афазија и дека ќе се повлече од актерството, неодамна беше откриено дека има нова дијагноза – фронтотемпорална деменција.

ФОТО+ВИДЕО | Сопругата на Брус Вилис сподели срцепарателно видео по повод годишнината од нивниот брак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот