Сцена од „Дракула“ 1958 Фото: Courtesy Everett Collection / Everett / Profimedia

ВИДЕО | „Сонувам да станам вампир“: Тинејџер допатувал во Романија и украл автомобил за да го најде Дракула

Тинејџер од Швајцарија бил бркан од полицијата откако допатувал во Романија и украл автомобил за да го најде Дракула и да биде претворен во вампир.

Минатата недела 19-годишното момче пристигнало во Фарагаш, во Трансилванија, на 400 километри од шумата Хоја-Бациу, каде планирал, како што вели, да се сретне со Дракула.

Меѓутоа, во Фарагас останал без пари, па на 20 октомври украл автомобил и се упатил кон својата дестинација, пишува „Дејли мејл“.

Откако сопственикот го пријавил возилото за исчезнато, полицијата започнала потера. Младиот Швајцарец бил забележан, а пред да биде уапсен оштетил пет автомобили и повредил три лица.

„Сакав да одам во шумата за да го најдам прадедо ми, грофот Дракула. Сакав да ме претвори во вампир. Цел живот сонував за тоа и сега сум тука“, им рекол тој на истражителите.

Еден од сведоците на полицијата им објаснил дека бегалецот се движел „цик-цак“ по улицата.

„Тој ја удри мојата десна врата и ме фрли на работ. Бев исплашен, но не бев повреден“, рекол мажот.

Тинејџерот во еден момент го оставил украденото возило и побегнал пеш, но набрзо бил фатен. Локалните медиуми јавуваат дека уапсениот наводно бил под дејство на наркотици. Тој бил префрлен во болница каде му биле направени тестови.

Тој нема возачка дозвола и се наоѓа во 24-часовен притвор додека трае истрагата за кражбата и повеќе сообраќајни прекршоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!