Фото: Instagram / sofiavergara

ВИДЕО | Софија Вергара заводливо танцува во тесен фустан: Ги заниша колковите во ритамот на латино музика

Провокативната актерка Софија Вергара ги воодушеви своите следбеници танцувајќи синхронизирано со сестрата и внуката во ритамот на латино музика.

На Денот на благодарноста таа со објава на својот инстаграм-профил им покажа на обожавателите како изгледа прославата на овој празник на нејзиното семејство заедно со пријателите, вклучувајќи го и гуруто за веѓи Анастасија Соаре.

По свеченостите, колумбиската актерка објави некои од омилените моменти со своите најблиски, меѓу кои и танцот со сестрата Вероника Вергара и внуката Клаудија Вергара и тоа во високи потпетици.

„Среќен ден на благодарноста“, напишала под видеото со емоџи од мисирка.

Во еден момент трите покажаа координиран танц — носејќи речиси идентични кафени, тесни фустани и многу високи потпетици.

Во видеото, Вергара, нејзината сестра и нејзината внука заводливо танцуваат за присутните на песната „Икс“ од Ники Џем и Џеј Балвин, па предизвика бројни коментари кај следбениците.

Благодарен сум за ова видео“; „Сите сме благодарни“, беа дел од коментарите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот