
ВИДЕО | Соборен светскиот рекорд за највисокото одење по жица: Спортистите се движеа помеѓу два балони на воздух
Двајца врвни спортисти го соборија рекордот за највисоко одење по жица. Нивниот потфат се одржа на надморска височина од 2.500 метри. Тие го изведоа овој трик на небото над Ридеринг на 9-ти ноември минатата година – соборувајќи го претходниот рекорд од 1901 метар поставен три години претходно. Сега рекордот е официјално објавен од Гинисовата книга на рекорди.
Препорачано
Германците Фриди Куне и Лукас Ирмлер претходно постигнаа успеси и соборија рекорди во оваа дисциплина. Во 2017 година, Кине постави рекорд во одење по 110 метри долга жица на висина од 250 метри. Во 2019 година, Ирмлер постави рекорд за должината на жицата што ја одеше, а тоа беше два километри.

Во врска со овој предизвик, дуото се соочи со одредени потешкотии, а проблемите ги надминаа со обиди и грешки. На пример, Лукас падн од жицата двапати пред да стигне до вториот балон. Секој пад значеше дека обидот беше поништен, па тој мораше да почне од почеток.
„Главниот обид за соборување на светскиот рекорд беше доста тежок за мене. Притисокот беше огромен. На крајот почувствував големо олеснување, а моментот беше прекрасен“, изјавил Лукас.

Наскоро, Фриди, кој го следеше секој обид на Лукас, исто така се осмели да премине.
„Гледањето како се бори Лукас беше многу страшно“, додал тој.
Самиот Фриди се соочи со предизвици како што се временските услови и движењето на балонот, што влијаеше на неговиот обид да ја помине жицата.

На крајот двајцата спортисти се собраа да го прослават нивниот успех. Се опуштија и се забавуваа на жицата додека не дојде време за спуштање. Во случајот на Фриди, тоа значеше излегување со падобран од балонот откако одеше по жицата без безбедносна опрема.
„Тоа беше најдобрата и најубавата прошетка по жица во мојот живот бидејќи веќе поставивме рекорд, а сега конечно беше време да се ослободиме од секој притисок“, рекол Фриди.
И покрај забавата и акробации, и двајцата слетаа безбедно – со соборен нов рекорд.