ВИДЕО: Со димни бомби, оган и развеани знамиња илјадници Црногорци рекоа „не“ за измените на законот за слобода на вероисповед што ги предложи новата влада

Законот, донесен од претходната влада пред една година, ја регулира сопственоста на имотот на верските заедници, а Српската православна црква тврди дека нејзината вистинска цел е да го заплени нејзиниот имот во Црна Гора.

Илјадници демонстранти со црногорски знамиња ги исполнија улиците на Подгорица. Извикувајќи „Нема да им ја дадеме државата“, „Ова не е Србија“, „Ќе ја браниме Црна Гора од непријатели“ тие на денешниот протест го искажаа својот револт за обидот на новата влада е да ги избрише деловите од законот за слобода на вероисповед на кои се спротивставува Српската православна црква.

Владата на новиот премиер Здравко Кривокапиќ ги достави амандманите за измени во собраниска процедура по итна постапка за која не е потребна јавна расправа.

Протестот на кој се приклучија и колони автомобили со црногорски државни симболи го организираше група црногорски патриотски организации за да се „спротивстави на бришењето на црногорскиот државен и национален идентитет и србизација на историјата на Црна Гора“.

Револтираните граѓани активираа димни бомби и запалија факели пред крајот на протестот пред Собранието.

Претставниците партијата на претседателот Мило Ѓукановиќ, Демократска партија на социјалистите (ДПС), ги поздравија демонстрантите.

По веста дека повеќе луѓе носеле заштитна маска, но не држеле физичка дистанца, која ја пренесоа локалните медиуми, министерот за внатрешни работи, Сергеј Секуловиќ рече дека полициските службеници ќе дејствуваат превентивно, но ќе реагираат доколку е потребно за одржување на јавниот ред и мир и заштита на безбедноста на граѓаните.

Претходната влада на ДПС усвои закон за слобода на вероисповед пред точно една година. Тогаш започнаа масовни литии предводени од СПЦ која ја уверуваше јавноста дека целта на овој закон е да се заплени нејзиниот имот во Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!