ВИДЕО | Слон избегал од циркус и се прошетал низ град во САД

Слон избегал од циркус / Фото Твитер

Виола, слон од циркус во САД, ја пробил оградата и одел 10 минути низ улиците на Монтана, откако бил преплашен од звукот на автомобилите во близина.

На снимката од безбедносните камери се гледа како слонот трча по улиците, а потоа се застанува на паркинг, по што еден од вработените во циркусот се обидува да го врати слонот во циркусот.

Од паркингот, Виола продолжила кон блискиот тревник, каде што нејзините сопственици ја стигнале и ја ставиле во приколка во која имало уште еден помал слон. Виола потоа мирно влегла во приколката. Следната вечер, според планираното, настапила во циркусот.

Групите за заштита на животните ги критикуваа сопствениците на слонот, тврдејќи дека и слонот и јавноста се загрозени во овој инцидент и дека ништо немало да се случи доколку животното не било принудено да настапува во циркусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот