Сирискиот шампион во јавање Аднан Касар/Фото: Скриншот/Скај Њуз

ВИДЕО | Сириски спортист помина 21 година во затвор откако на трка го победиl братот на Башар

Поранешен сириски шампион во јавање тврди дека доживеал 21-годишна голгота на затвор и тортура откако го победил постариот брат на Башар ал Асад на трка.

Аднан Касар, некогаш истакната личност на спортската сцена во Сирија, зборуваше за Скај њуз за прв пат по падот на режимот на семејството Асад, кој владееше со земјата повеќе од 50 години.

Касар освои многу златни медали и беше капитен на националниот коњички тим во доцните 1980-ти. Врвот на неговата кариера беше во 1993 година, на третото меѓународно коњичко првенство во Латакија, каде што неговиот извонреден настап обезбеди победа за тимот.

Касар беше близок пријател со Басел ал-Асад, но неговиот успех го налути неговиот колега спортист, кој не помина добро на истиот натпревар.

Басел беше наследник на сириското претседателство, но неговата смрт во сообраќајна несреќа во 1994 година го натера Башар ал Асад да се врати од Лондон – каде што работеше како офталмолог – и да се подготви да ја преземе функцијата по смртта на нивниот татко.

Зборувајќи за реакцијата на неговите сонародници по натпреварот во 1993 година, Касар изјави за Скај њуз: „Толпата ме крена на рамениците. Тоа беше момент на чиста радост, но не е исто за Басел. Тој ден беше почеток на мојот кошмар“.

Набргу по натпреварот, Касар беше уапсен под „нејасни обвиненија“ за кои тврди дека се измислени поради љубомората на Басел. Неговиот притвор се претвори во повеќегодишно искушение исполнето со брутални испрашувања и непрестано физичко и психичко малтретирање.

„Најпрво ме држеа шест месеци во подрум, постојано ме тепаа и бескрајно ме испрашуваа“, раскажува човекот. Потоа бил префрлен во озлогласениот затвор Седнаја, познат како „кланица“, каде што, како што рече, „мачењето станало уште полошо“.

Ситуацијата се влошила кога Басел починал.

„Тие ме обвинија за неговата смрт“, рече тој. „Секоја година, на годишнината од неговата смрт, мачењето се засилуваше.#

Касар, исто така, помина седум и пол години во затворот Тадмур, познат по неговите нехумани услови.

„Едно утро ми го прободeа увото и истата вечер ми ја скршија вилицата“, се сеќава тој. Дури и молитвата беше строго казнувана: „Бидејќи се молев, ме камшикуваа 1.000 пати. Нозете ми се искинаа, коските ми беа откриени“.

И покрај повиците на активистите за негово ослободување, од избувнувањето на Sириската револуција, името на Касар е исклучено од декретите за амнестија. Конечно, човекот беше ослободен по меѓународен притисок на 16 јуни 2014 година, речиси 22 години по неговото апсење.

Во годините оттогаш, Касар избегнуваше јавно да зборува за својата трауматична авантура, плашејќи се дека повторно ќе биде затворен. Сепак, тој реши да го прекине молкот по соборувањето на Башар ал Асад.

„После години затвор, тортура и неправда, револуцијата конечно го собори диктаторскиот режим“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот