Фото: EPA/ALEX PLAVEVSKI

ВИДЕО | Синер во болки мораше да го предаде мечот во Шангај

Италијанскиот тенисер Јаник Синер мораше да се повлече од Мастерсот во Шангај, Кина, откако во третиот сет го предаде мечот против Талон Грикспур од Холандија (1:1 во сетови, 2:3 во гемови).

Синер беше принуден да се повлече од турнирот откако имаше силни грчеви поради кои едвај можеше да стане за време на последниот сервис гем.

Физиотерапевт му помогна да дојде до столчето, а потоа и надвор од теренот. Тоа беше тажен начин за бранителот на титулата да го заврши турнирот.

Синер го доби првиот сет во тај-брејк во кој беше подобар со 7:3, а во вториот сет Холанѓанецот славеше со 7:5 за израмнување.

Третиот сет започна мирно, додека Синер се бореше со болки кој на крајот се откажа во петтиот гем кога Грикспор повторно стигна до брејк со нула. Потоа ги видовме мачните сцени на Синер како не може сам да оди, па предавањето на мечот беше единственото решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот