фото: EPA-EFE/TERESA SUAREZ

ВИДЕО | Синер триумфираше против Лехечка за осминафинале на Ролан Гарос

Јаник Синер се пласираше во осминафиналето на грен слем турнирот Ролан Гарос по фантастичната партија против чешкиот тенисер Јиржи Лехечка.

Тенисерот број еден во светот од Италија славеше со 3:0 во сетови 6:0, 6:1, 6:2 во меч кој траеше еден час и 35 минути.

За само 23 минути, Синер го доби првиот сет, а 34 играч во светот немаше ниту шанса да го освои гемот.

Истата слика беше видена и во вториот сет, само што овој траеше 36 минути. Лехечка успеа да го добие првиот гем во дуелот дури на крајот од вториот сет и да намали на 5:1.

Италијанецот докажа во третиот сет дека е во фантастична форма. Иако загуби два гема од својот ривал, тој го приведе мечот до крај без поголеми проблеми и оствари нов триумф.

Холанѓанецот Грикспор со 3:2 во сетови 4:6, 6:1, 6:7 (2), 6:1 и 6:4 го елиминираше Американецот Квин.

Зверев од Германија со 6:2, 7:6 (4) и 6:1 триумфираше над Италијанецот Коболи, додека Британецот Дрејпер со 6:2, 6:4 и 6:2 го совлада Фонсека од Бразил. Без борба во следната фаза се пласираше Рубљов, откако неговиот противник Фис се повлече од турнирот поради повреда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот