фото: Инстаграм/192.рс

ВИДЕО | Силна експлозија во центарот на Белград: На станарите им е забрането да ги напуштаат домовите

Скршени се стакла на улицата и на тротоарот, а оштетени се и паркирани автомобили.

Силна експлозија одекнала вечерва околу 21:30 часот на улицата „Косовска“ во центарот на Белград.

Според Блиц.рс, детонацијата се слушнала од стан, но засега нема информации што ја предизвикало експлозијата.

Полициски сирени одекнуваат низ улицата, а полицијата е на местото на настанот, пренесуваат српските медиуми.

Скршени се стакла на улицата и на тротоарот, а оштетени се и паркирани автомобили. Полицијата им рекла на станарите да не ги напуштаат своите станови.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот